Редена штрудла со тиква
Прво тиквата ја чистиме од семките и кората, ја сечеме на парчиња и ја ставаме да се вари со 2 ванили и малку вода. Кога ќе омекне се остава да олади и се миксира со рачен блендер. 3 јајца се матат со 5 лажици шеќер, се додава 150 мл. млеко, 75 мл зејтин и 6 лажици брашно и пецивото. Ова убаво се мати и кон смесата се додава измиксираната тиква и 150 грама мелени ореви. Плехот во кој ќе ја печеме штрудлата го намастуваме со зејтин. Сега ја редиме штрудлата. Ставаме кора и полеваме со 3 лажици фил и насекаде премачкуваме. Истото го повторуваме со сите кори. На најгорната кора не ставаме од филот. Штрудлата ја сечеме на парчиња и ја вклучуваме рерната на 180 степени. Кога ќе ја постигне температурата ја ставме штрудлата да се пече околу 35 минути. Пробајте и нема да зажалите.