Освежителен летен десерт.
Прво ги делиме жолчките од белките. Го матиме омекнатиот путер(на собна температура) со 150 грама шеќер во пенаста смеса. Кон ова ги додаваме една по една жолчките. Додаваме 3 лажици вода и на крај брашното со пецивото.
Оваа смеса ја делиме на два дела и ги ставаме во два округли плехови бр.24 на хартија за печење. Јас користев делимано тавчиња и немаше потреба од хартија.
Сега за безе смесата ги матиме белките и една ванила и додаваме малку по малку од шеќерот(150 грама).
Кога ќе се добие цврст снег, се додава 1 лажица сок од лимон и 1 лажичка густин. Оваа смеса исто се дели на два дела и се става врз смесата со жолчки. Се печат корите на 180 степени 25 минути.
Таа кора што ќе биде одозгора веднаш се сече на парчиња,таа што ќе биде одоздола се става во калап со исти димензии како тавчињата односно корите.

За кремот со вишни се става сокот од портокал-џусот и вишните на оган. На страна се става сок од еден исцеден портокал и 2 пудинга од ванила и се мешаат заедно. Кога вишните со сокот ќе зовријат се ставаат пудинзите и се меша на оган додека да се згусне смесата. Откако кремот малку ќе олади се посипува врз првата кора ставена во калапот со обрач. Се става во фрижидер сосема да олади. Слатката павлака се мати со миксер и таа се става врз кремот од вишни. Одозгора се става исечената кора. Се украсува по желба.
Ако сакате да ви е поблаго во самиот пудинг може да се додаде уште 5 лажици шеќер, ама сепак мислам дека оваа комбинација со оваа количина шеќер е во ред.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови