Рафаело колач со палачинки
Вкусен и едноставен колач кој може да го подготвите за кратко време.
1. Прво ги правиме палачинките. Се матат јајцата со шеќерот, се додава зејтинот, киселата вода, млекото, брашното и пецивото.
2. Се печат палачинките на апаратот за палачинки од делимано. Се оставаат настрана да оладат.
3. За филот на оган се става 500 милилитри млеко. На страна се мешаат пудинзите со шеќерот и 250 милитри млеко. Кога ќе зоврие млекото се додаваат пудинзите и се меша постојано. Се додава и маргаринот и белата чоколада и се меша постојано додека да се згусне смесата. Се трга од оганот и се додава 150 грама кокос и се меша одвреме на време да не фати кора.
4. Секоја палачинка се филува со 1 лажица од филот. Врз неа се реди палачинка, пак фил и така додека се потрошат палачинките и филот.
5. Се посипува одозгора со кокос.
Сварете си кафе и засладете се со добар едноставен десерт и добро друштво.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови