Легендата велидека прв пат Рабската торта е подготвена во 1177 година, кога Папата Александар3, заедно со 10 галии бил пратен да побара засолниште од невремето кое доаѓало.

Kако би искажале чест и почит кон Папата , чесните сестри од Бенедикт, го направиле овој традиционален колач, под името ricarelli di Sienna“, кој потполно одговарал на оваа Рабска торта. Оваа торта традиционално ја подготвува скоро секое Хрватско семејство.

 Работете сами во кујната, бидејќи ви треба мир, тишина, трпение.

 Основно правило е дека смесата за фил не требада биде сува, а вистинската мерка што никој не може да ви ја пренесе, мора да ја чувствувате под прстите.

Исто така, кога ќе го направите полнењето, мора добро да ја мешате смесата откако ќе ја додадете секоја состојка. Сè мора да стане едно.

Нека не биде многу топло во просторијата бидејќи брзо се сушат и тестото и филот.

Плехот каде ќе печете, пожелно е да е на опачината за потоа лесно да ја лизнете на тањир за послужување, залепете го со 2 селотејп траки, за да не случајно измрда хартијата и да се деформиратортата.

Лентите за чипка јас ги сечев на ширина од 1-1,5 цм. Но треба да бидатбарем 2 цм.

На 2 места ми сеподкренал фиилот во печењето, без да размислам дека тој ќе се движи поради составот на јајцата.

Се сече на штангли и се послужува со бело вино. Во оргиналниот рецепт стои-Мараскино- нивната вишновка или ликер Амарант.

 

Како и да е се заљубивво неа кога ја пробав во Сплит и реков еден убав сончев ден ќе те подготвам во мојата кујна.

Повелете начин на изработка:

 

1. Во вангличка го ставаме просеаното брашно, ванилите, некое зрно сол, растопениот путер и јајцата. Додаваме една по една лажица млеко ако има потреба. Тоа зависи одголемината на јајцата,Јас употребив само 1 лажица. Замесуваме тесто, мазно, но е малку потврдо. Го делиме тестото на два дела, ги завиткуваме со прозирна фолија и ги оставаме во фрижидер да одстојат еден час.

 

2. Ден претходно се подготвуваат бадемите. Во касерола налеваме вода. Од кога ќе зоврие, ги додаваме бадемите и вариме од 7-8 минути. Ја истураме водата и оставаме бадемите да се изладат. Потоа им ја отстрануваме кафената лушпа. Ги распоредуваме во тава во еден ред и така оставаме на темно место да се сушат цел ден.

3. Наредниот ден маааалку  ги потпекуваме во реrна на 100 степени, благо да поруменат. Кога се изладени ги мелеме во машина за ореви, а не во процесор. Постапката со мелење ја повторив два пати. Првиот пат ги просеав низ цедалка и покрупните парчиња кои ми паднале од машината ги сомелив уште еднаш. Вака сомелени ги ставме во вангличка. Тука го додаваме  просеаниот шеќер во прав. Соединуваме убаво. Ги додаваме  изренданите кора од портокал и лимон (јас претходно ги ставив во вода со содабикарбона да одстојат). Го додаваме ликерот. Повторно со рака соединуваме Сега се додава прво едното јајце и соединуваме со рака. Филот е се уште ронлив. Второто јајце јас со вилушка го соединив и додавав постепено, се додека не добијам убава смеса за формирање.

 

Ми остана една лажица од јајцето.што не мора и да значи, ако се користат мали јајцата ќе бидат таман и двете. Вака убаво соединетиот фил го покриваме со прозирна фолија и го оставаме на страна.

 

4. Сега масата малку ја набрашнуваме. Го ставаме првото топче тесто и сучиме мнооогу танка кора. Сега земаме лист хартија за печење. Го поставуваме на опачината на плехот. Тука го пренесуваме тестото.

 

5. Сега со трпение со помош на алатака формираме полжав, цртаме по тестото. Од прилика треба да се широки лентите меѓу себе по 6 цм. Сега пак внимателно одиме по истиот пат, односно одземаме од тестото по 1 цм. Вишокот на тесто го звиткуваме во фолија и го оставаме во фрижидер. Подготвениот фил прво  јас си го направив како салами-колбас, да видам отприлика како да го распоредам.

 

6. Сега со помош на две вилушки рамномерно го нанесуваме по тестото. Вака подготвена тортата ја покриваме со прозирна фолија и ја оставаме на страна.

 

7. Сега го земаме второто тесто од фрижидер и сучиме многу танка кора. Ја сечеме на ленти, и со прстите почнуваме да ја формираме чипката на тортата. На почетокот и на крајот ја декорираме со по 3 бадеми. Печеме на 140 степени околу 25-30 минути.

 

8. Оставаме да се излади, па внимателно ја пренесуваме на послужавник.

9. Наросуваме шеќер во прав.

 

10. Сечеме штангли и послужуваме.

На здравје оваа убавина.