Убаво колаче кое со чаша кафе или чај може да ви го почне денот.

Подготовка:

1. Ги делиме белките од жолчките. Во жолчките додаваме шеќер и матиме убаво. Во друг сад ги матиме белките, па со шпатула ги помешуваме. На ситната страна од рендето ја рендаме кората од портокалот.
2. Во садот кај јајцата ги додаваме мелените бадеми, кората oд портокалот, циметот и сувото грозје. Го додаваме и чоколадото кое претходно и го изрендавме.
3. Прашокот за пециво го мешаме со брашното, па и него го сееме во смесата. Цела смеса ја помешуваме со шпатула и ја постиламе врз хартија за печење, која ја обложивме во калапот.
4. Печеме во загреана рерна на 200 степени околу 30минути. Готовата печена торта извадете ја од калапот оставете да излади, па попрскајте шеќер во прав. Декорирајте со некое зрно брусница.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови