Драги мои еве еден малку поразличен рецепт за подготовка на панцероти се надевам дека ќе ви се допаднат. Со полнењето може да се поиграте мој интересен предлог е спанаќ во комбинација со павлака и малку пармезан, но моите не ја менуваат пица комбинацијата.
Подготовка
1. Во сад го сееме брашното на средина го ставаме квасецот, шеќерот стопениот путер, солта ја сипуваме по краевите на брашното и полека со киселата вода и јогуртот замесуваме средно меко тесто. На тестото му ставаме најлонска кеса и добро го покриваме да стаса.
2. Кашкавалот и пушениот бут ги рендаме и ги мешаме со кечапот и едната лажичка оригано.
3. Стасаното тесто го делима на мали топчиња од секое топче развлекуваме кора и ја полниме со филот. Полека ги затвараме со лажица нежно стискајќи по краевите.
4. Панцеротите ги ставаме во плех обложен со хартија, јајцето го матиме му капнуваме малку зејтин и ги премачкуваме панцеротите. Секоја панцерота ја посипуваме со мешан сусам и лен.
5. Релната ја загреваме на 220степени и кога ќе ги ставиме панцеротите да се печат намалуваме на 200степени. Печеме околу половина час или откако ќе добиат убава златна боја.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани