Мораше да се има десерт. И бидејќи мене многу ме мрзеше да спремам, решив да го направам овој, во некоја смисла со готови производи, само да изматиш со миксер и да наредиш со лажиче. Колку да има некако десерт. Со доза на скептичност дека ќе е премногу едноставно. Верувајте, кога го пробавме изгледаше како некој фенси купен од некоја слаткара. Вкусовите така нагодени, уживавме сите, и јас и гостите и домашните. Па решив и овде да го заведам. Можеби и некој друг ќе се најди како во мојата ситуација да о мрзи хаха па ќе има идеја сепак десертче да има на софрата.

Секој прашок за пудинг се мати со по 300 мл млеко во засебни садови додека добие цврстина според упатсвото.

За оваа доза кај мене се потрошија 4 пластични чаши полни до врв. И од пудинзите остана многу малку. Зависи од големината на чашите, оваа земете ја како оптимум мерка на дозава.

Во секоја чаша се става најпрво од орео мелените колачиња, па една врста на пудинг, па овошното желе или гел, па другата врста... и така си шарате по желба до врвот на чашата, каде најгоре можи да завршите со желето или со мелените колачиња.

Украсете со трошки и по едно колаче. Убаво е пред нив шлаг да се стави, ама мене готовиот шлаг во пена ми откажа послушност за притисокот на боцата, па мораа вака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови