Подготовка

1. Леќата оставете ја да отстои во вода преку ноќ. Исцедете ја, измијте ја и изблендирајте ја убаво.
2. Во подлабок сад измешајте ги јајцата, зејтинот, јогуртот и солта. Додајте ја изблендираната леќа и измешајте убаво. Потоа додајте го пецивото, сирењето и магдоносот и измешајте.
3. Додајте ја смесата во намрсено тавче и поросете со сусам. Печете околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени. На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани