Испечати

Проја од леќа

Проја од леќа

Состојки

  • 400г црвена леќа
  • 4 јајца
  • 300г грчки јогурт
  • 180мл зејтин
  • сол по вкус
  • 2 кесички прашок за пециво
  • 200г сирење (издробено)
  • една рака сецкан свеж магдонос
  • малку сусам

Подготовка

Подготовка

1. Леќата оставете ја да отстои во вода преку ноќ. Исцедете ја, измијте ја и изблендирајте ја убаво.
2. Во подлабок сад измешајте ги јајцата, зејтинот, јогуртот и солта. Додајте ја изблендираната леќа и измешајте убаво. Потоа додајте го пецивото, сирењето и магдоносот и измешајте.
3. Додајте ја смесата во намрсено тавче и поросете со сусам. Печете околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени. На здравје!