Природен Сок од Цвекло, Лимон и Моркови
Во пресрет на есента топло ви го препорачувам овој сок, кој не ги губи своите корисни состојки бидејќи не се вари.
Подготовка -
1. Најпрво ги ставаме лимоните во сад со вода и сода бикарбона да одстојат 15-на минути.
2. За тоа време ги миеме, лупиме и сецкаме на помали парчиња морковите и цвеклото.
3. И лимоните ги сецкаме на 4 дела.
4. Сите состојки ги ставаме во соковник.
5. Добиениот сок (околу 1,5л) го ставаме во поголемо тенџере, додаваме уште 6л вода и шеќер (во неколку наврати-постепено) или мед (по вкус), мешаме да се стопи убаво, пробуваме на блажина каков е сокот - по потреба додаваме шеќер/мед.
6. Добиениот сок јас го цедам преку газа - вие како сакате.
7. Се собира во шишиња и слободно може да се чува во обичен фрижидер до 7 дена, период за кој мислам дека би се испила целата количина на сокот.
Забелешка - доколку мислите дека сокот не би го испиле за една недела, во тој случај замрзнете го и по потреба извадете си одвечер за да се одмрзне до сабајле.
Количината на добиениот чист сок (само од состојките) зависи од соковникот со кој располагате.
Во оваа комбинација доколку сакате може да додадете и јаболка.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови