Прилог од моркови и ориз
Користам ориз со долго зрно пакован во кесички од по 125 гр. Се става во зовриена и малку посолена вода да се вари 20 мин. Се вади кесичката и се остава да се исцеди.
Морковите исчистени и измиени се сечкаат малку на кругови. Се ставаат на малку маслиново масло да се пржат околу 5 минути со постојано мешање. Потоа се налева вода (околу половина литар и по потреба се додава) и се динстаат околку 20 минути да омекнат и водата да испари.
Им се додава оризот, зачините, сечканиот босилек и павлаката и многу кратко се меша врз исклучена рингла, додека павлаката се измеша со состојките и малку згусти. Веднаш потоа се трга од оган. Се служи топло.
Многу пати во ова јадење знаам да додадам и млаку грашак од конзерва. Тој е веќе термички обработен, па го додавам заедно со оризот. Овој пат немав при рака.
Често пати немаме свеж босилек, па можи и без него. Веќе го има како сув во мешавината италијански зачини и по желба и вкус можи да си придодадете сув или доколку некој милува, место свеж босилек можи да стави магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани