Пржени свински кременадли, со варен, па пржен компир и чипс од суви пиперки
Мераклиски ручек, кој и не одзема многу време за подготовка.
Прво измиените и избришани со кујнска хартија, кременадли ги премачкуваме со сенф, бибер, сол, масло.
Ги оставаме во фрижидер да одстојат 1 час.
За тоа време може да го подготвиме компирот. и да ги исецкаме измиените лути пиперки.
Прво го лупиме, компирот, миеме и го ставаме во касерола со вода да се вари.
Сега касеролата со кременадлите ја ставаме на оган, умерен да се пржат, се додека не заруменат, а при тоа да останат и сочни, да не се препржат.
Земаме два тајнири кои ги загреваме, во микропечка или печка на дрва.
Испржените кременадли ги сервираме во тајнирите.
Сега ни требаат уште 5 минути да го довршиме ручекот.
На компирите им ја истураме водата и ги зачинуваме со сол, бибер, зачин, црвен пипер....
половинките компири ги запржуваме во маснотијата каде се пржеа кременадлите.
Тука ако има потреба може да се додаде лажиче свинска маст или масло.
Од кога се готови ги сервираме до кременадлите.
Во истата маснотија го подготвуваме чипсот од сецканите, лути, везани пиперки.
И нив ги сервираме во тајнирот.
Додаваме младо лукче, кромидче, сезонска салата...
Уживаме.
Лиценца: Сите права се задржани
Taman ladnicko vremevo i da Se dojdat suvite piperki... Rucekov povece zimski e, ama mn Ni Se sladi