Пржени плашици
Ситни мали рипчиња кои ние во Охридскиот крај си ги викаме плашици. Сигурно во другите краеви имаат и други имиња, но тоа е најмалку важно, важно е дека се превкусни.
Подготовка:
1. Најпрво треба да ги исчистиме рипчињата ( јас искрено тоа не можам да го правам ) и не ја знам детално постапката, но ако имате некој да го направи тоа за вас уште подобро. Јас ја имам за тоа мајка ми.
2. Откако се исчистени, измиени, во еден поголем сад ги ставаме двете брашна, сол, и сите плашици ги препелкаме во смесата. Ги пржиме во загреано масло, додека не добијат убава боја.
Моја препорака е да ги пржите надвор некаде, оти дома после тоа ќе ви мириса цела куќа на рипчиња.
Совршена комбинација се со лимон и чаша бело вино.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови