Еве еден рецепт за вкусни пржени пиперки со моркоов,лук и магдонос кој верувам дека ако го подготвите често ќе биде на вашите трпези во зима.Се надевам дека ќе ви се допадне па ќе го испробате
1.Пиперките се мијат,се печат,се лупат,се чистат од семето па се сечкаат на помали коцки.
2.Морковот се лупи па се вари во тенџере на оган се додека да омекне, па се сечка на средно тенки кругови.
3.Главичките лук се липат,па се сечкаат ситно.
4.Магдоносот се сецка ситно.
5.Во еден плех (шерпа)се ставаат исечканите пиперки,морковот,лукот,магдоносот,јаболковата киселина,солта,шеќерот и зејтинот.Се добро се промешува да се соедини па се става на печка да се пржи.
6.Откако ќе почнат да се пржат мешајте постојано се додека да изминат 45 минути.
7.Се пржат точно 45 минути, па се собираат во тегли уште додека се врели па се вакумираат. Добар Апетит.

Филџанот е 100 мл

Забелешки-Овој рецепт за пиперки откако ќе почнат да се пржат пиперките со зеленчукот треба точно 45 минути да се пржи ако сакате да има и малку сос од пиперките,лукот и морковот што ќе го испуштат во самото пржење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани