Зимници во кукерот, во домашни услови. На кој му се јаде домашно, ќе си смисли начин како да си спреми.

Подготовка:

1. Измијте ги убаво црвените патлиџани и исецкајте ги во сецкото на Делимано. Ставете ги во кукерот и додајте им масло,оцет и шеќер.

2. Вклучете апаратот на пржење и оставете да се пржат, додека убаво не омекнат. Пиперките убаво измијте ги исушете ги и исецкајте ги на парченца. Извадете им го семето и исецкајте. Кога доматите се запржени ставете ги пиперките и мешајте убаво. Затворете капакот и оставете нека се пржи.
Повремено промешувајте.

3. Пиперките од самиот топол воздух и пареа кои се варат и пржат внатре ќе добијат преубав вкус.
Додајте сол и сецкано лукче пред крајот. Ако не ви е солено според солта која ја предложив доставете си по вкус. Теглите во кои ќе собирате нека се топли и суви. Јас ги загреав во рерна. Полнете од топлиот пинџур и веднаш затварајте ги теглите. Превртете ги со капачката надолу и оставете да изладат, па складирајте на полиците.
Нека ви е слатко.

Забелешка
Ако доматите се поводлести, посочни, можете да додадете и малку повеќе пиперки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови