13
сеп
2014
Пржен ориз со туна и маслинки
Го миеме оризот убаво и го вариме во тенџере во поголема количина вода. Внимавајте не треба да се превари, кога е готово го истураме во цедалка и го миеме со ладна вода. Во тава на малку масло пржиме ситно сецкан кромид и пиперка. Кога се испржени додаваме малку балсамико оцет, потоа го додаваме и оризот, кратко го пропржуваме. На крај ја додаваме и туната од конзерва, промешуваме го додаваме и магдоност, зачинуваме. Декорираме со кругови зелени маслинки без коска.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови