1. Во подлабок сад, може и тенџерчето во кое што ќе ја варите манџичката, ставете го маслото со ситно надробениот кромид, пиперка, домат и ловоровиот лист.
2. Лесно запржете, кромидот да стане стаклест, а додајте го меленото месо, па пржете се додека не се испржи месото.
3. Зелката исчистете ја и насецкајте ја на средно големина, покрупно отколку за салата, па пропржете ја заедно со месото. Во меѓувреме додајте ги зачините и пржете се додека не омекне зелката.
4. Додајте го оризот и уште малку пропржете, па додајте ја водата и оставете го на тивко да крчка се додека не се свари оризот, а и зелката убаво да омекне, отприлика околу 1 час време...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Без адаптирани дела