Испечати

Пресна зелка со мелено месо

Пресна зелка со мелено месо

Состојки

  • 800-1 000гр прсна зелка
  • 400гр мелено месо /по желба микс или само телешко/
  • 1 средно голема зелена пиперка
  • 1 средно голем домат
  • 1 средно голема главица кромид
  • 1 фиџанче ориз
  • по вкус сол, црн бибер, мешан зачин,црвена пипер и ловоров лист
  • по потреба/околу 100-150мл/ масло
  • по потреба/околу 0,5л/ вода

Подготовка

1. Во подлабок сад, може и тенџерчето во кое што ќе ја варите манџичката, ставете го маслото со ситно надробениот кромид, пиперка, домат и ловоровиот лист.
2. Лесно запржете, кромидот да стане стаклест, а додајте го меленото месо, па пржете се додека не се испржи месото.
3. Зелката исчистете ја и насецкајте ја на средно големина, покрупно отколку за салата, па пропржете ја заедно со месото. Во меѓувреме додајте ги зачините и пржете се додека не омекне зелката.
4. Додајте го оризот и уште малку пропржете, па додајте ја водата и оставете го на тивко да крчка се додека не се свари оризот, а и зелката убаво да омекне, отприлика околу 1 час време...