Како за атеист што не пости, просто се изненадувам колку посни рецепти имам =))
Убаво вика другарка ми дека сум верник, ама уште не ми текнало =))

Многу вкусно шербетличе кое го најдов во списание и дури третиот пат кога го приготвував ми текна да го фотографирам и дека е посно. Од што ми беше вкусно, не сакав да го делам=))
Има малку необичен начин на подготовка, има шеќер и во тестото и во преливот (шербетот), но сепак не е преблаго. Ќе пробате, ќе видите дека е супер.

Јаболките изрендајте ги. Сите останати состојки измешајте ги убаво во хомогена смеса и на крај додадете ги јаболките.
Сипете ја смесата во садот за печење и печете прво 15 мин на 150 степени, па 40ина минути на 180 степени. Јас печев во ростер тавата на Делимано.
Извадете го да се олади и прелијте го млако со млак шербет.

За шербетот само сварете ги водата и шеќерот и оставете да се замлачи пред полевање на колачот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани