29
фев
2012
Праски
Убаво се бијат 3 јајца со 3 шољи шеќер во прав, се додаваат 3 шољи масло, прашак за пециво и брашното по потреба (да не се лепи тестото). Се меси убаво и се прават мали топчиња колку орев и се печат на загреана рерна на 200 степени. Откако ќе се испечат се длабат со нож и трошките се тргаат на страна за филот.
За филот трошките со една шоља вода и пола шоља шеќер се оставаат да зовријат на оган заедно со 1/4 маргаринм и 1 чоколадо. се полнат половинките и се лепат по 2.
За украсување се прави блага вода и се турива некој екстракт и се мачкаат праските и се посипуваат со шеќер.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови