1. Во два посебни сада белото и црно чоколадо со по две лажици масло за јадење се растопуваат на пареа.
2. Со нив со четка се премачкуваат силиконските калапи, се ставаат во фрижидер да се изладат и повторно се прави истата постапка. Така подготвените силиконски се полнат со фил.
3. Во растопениот маргарин се додаваат џемот, бисквитите, оревите и сокот од портокал. Се заедно се соединува и со ова се полнат подготвените калапи
4. Се оставаат да се стегнат во фрижидер околу 45 мин и повторно се вадат од фрижидер за да се затворат пралините
5.Со остатокот од растопеното чоколадо се затвараат белите пралини со бело, а црните со црно чоколадои пак се враќаат во фрижидер да се стврднат
6. Се вадат од калапите и се служат

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани