14
ное
2012
Пралини со кокос
Во тенџерче на оган ја ставаме павлаката да се загрее, го додаваме маргаринот и мешаме за да се растопи. Потоа го додаваме кокосот и шеќерот во прав.
Чоколадото со 10 лажици зејтин се растопува на пареа. Со лажичка се става од чоколадото во силиконските калапи потоа од смесата со кокос се прават мали топчиња, се ставаат во калапите на средина и пак се дополнува со чоколадо.
Се ставаат во фрижидер да се стегнат а потоа пралините се вадат од калапите и се послужуваат. Јас кога ги правам си земам 200 гр црно и 100 гр бело чоколадо за да си имам и црни и бели.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поззз