Одлично предјадење, кое совршено одговара како мезе на празничната трпеза.

Подготовка:
1. Во длабок сад ги ставаме јајцата и сол по вкус (јас ставив 1 мало лажиче). Мешаме со рачна маталка.
Потоа ги додаваме млекото и маслото, промешуваме. Ги додаваме и пченкарното брашно, пченичното брашно и пецивото. Соединуваме убаво да нема грутки, може и со рачна маталка, а може и кратко со миксер. На крај ја додаваме урдата.
2. Добиената смеса ја делиме на 3 дела. Едниот дел останува жолт, во вториот дел го додаваме спанаќот (претходно обарен, исцеден и исецкан) и во третиот дел додаваме 2 г.л. ајвар. Соединуваме убаво.
3. Во тавче (број 24) ставаме на дното хартија за печење, а страните ги премачкуваме со масло. Во средината на тавчето почнуваме со нанесување на смесите, почнувајќи од жолтата смеса, ставаме 1 г.л., па од зелената смеса ставаме 1 г.л., па од црвената смеса ставаме 1 г.л. Продолжуваме така се до потрошување на смесите. Сега со помош на чачкалица правиме шара, со повлекување на линии (видете дополнителни слики).
4. Печеме во загреана рерна на 200 степени (проверуваме со чачкалица). Испечениот солен колач го вадиме врз решетка, го покриваме со крпа, нека олади, па сечеме парчиња. На секое парче, со помош на готварски шприц, нанесуваме павлака, и врз неа ставаме по 1 кругче кисело краставиче.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани