Поширано јајце на македонски начин – Чалбур
Во подлабок сад се става парче сирење (или урда) со дебелина од 1см. Врз него се дотура вода колку да му се покрие површината, се покрива со капак и се остава на тивок оган да се зоврие околу 4 до 5 минути. Се кршат јајцата, секое посебно (пр.секое јајце во шољичка од кафе) и се додаваат полека врз веке омекнатото сирење. Се покрива повторно тенџерето и се вари се додека јајцата не се обвиткаат со бела покривка, т.е. не коагулираат, околу 3 минути. Ако сакате повеќе варена жолчка продолжете да го варите но, со исклучен оган!
Го загревате маслото и го запржувате црвениот пипер (според вкус може да се додаде и буковец или сува искршена лута пиперка, со внимавање да не се изгори (за да не стане горчлива). Во чинија за послужување со помош на лажица со дупки извадете го внимателно вареното јајце заедно со стопеното сирење и полејте го со запршката. Сол може да се посоли само ако сирењето или урдата не се доволно солени.
Сервирај те го со печено лепче намачкано со чешне лук. Како прилог од зеленчук послужете младо кромитче или младо лукче или некаква салата, туршија итн. во зависност од сезоната! Добар апетит и на здравје!
п.с. За жал, во намерата да покажеме дека сме современи и модерни ги заборавивме нашите стари, вкусни и за око убави македонски рецепти.
Лиценца: Сите права се задржани
@Клара, ти благодарам ! Идејата ја добив од една Фб пријателка која го кажа овој стар рецепт со поттекло од Егејска Македонија... но и во струмичко често се правел! Имаат и италијанците некои слични варијанти за варење на јајце кои набрзо ке ги пробам! Чао и за тебе!
ставај уште вакви! :)