Подготовка.
Се матат јајцата со малку сол се додава млекото,к.вода и постепено се додава брашното. Мешајте на најмала брзина со миксерот да не се направат ситни топчиња од брашното.
Од оваа смеса печеме околу десетина палачинки,кои ги полниме со сецканата салама,кашкавал,оригано и кечап.
Секоја палачинка ја валкаме во брашно потоа во јајца и на крај во мешавина од презлата заедно со сусамот.
Пржиме на средно загреано масло се додека не добијат убава златна боја од сите страни.Пирошките ставете ги во тањир со хартија за да го впијат вишокот на масло.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани