Поховано сирење (похована даска)
Поховано мувлосано сирење е едно од омилените на моите деца. За уште поубав вкус користиме и слатко кисел сос.
Подготовка:
1. Сирењето го сечеме на коцки.
2. Во садот, кај јајцето, додаваме зачини, буковец и една лажица слатко кисел сос. Промешуваме. Сирењето го ставаме во садот, го потопуваме убаво, па го ставаме во лебните трошки. Пак ја повторуваме постапката. Значи два пати потопени во јајцето, па во лебните трошки.
3. Пржиме во загреано масло. Постапката е слична и за пилешкиот стек, само што месото претходно го оставивме да стои во смесата кај јајцето, и во јајцето додадовме кари зачин. Маслото во кое пржиме не треба да е силно. Нека се пржи на потивко. Даската ја декорираме со свеж зеленчук.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови