За зачинската мешавина сите состојки ставете ги во една мала кутија или тегла, затворете ја и добро протресете. Во сад на страна, издвојте 30 гр, а остатокот чувајте го добро затворен на темно место до наредната употреба. Во садот со издвоената зачинска мешавина додадете 100 гр брашно и пола кесичка прашок за пециво и добро измешајте. Оставете на страна.
Загрејте ја рерната на 200 C. Во подлабока тава за печење ставете хартија за печење. Јас мразам да мијам тави, така да се печам на хартија, а вие како ви одговара...
Јас имав свежо пиле од 1800 гр, од кое ги издвоив крупните делови - 2 копани, 2 надкопани, 2 мали копанчина, цело бело месо исечено на 4 дела. Од остатокот направив супа. Количините дадени во рецептот се за овие парчина месо, ако имате повеке или помалку, прилагодете ја количината.
Јајцето разматете го со киселата вода.
Секое парче месо прво извалкајте го во брашното, па во јајцето и пак во брашното. Редете ги парчината во тавата, не мора да се многу далеку едно од друго.
Над секое парче месо ставете една мала коцка путер, колку половина лажичка. Ако не готвите со путер, месото попрскајте го со 2-3 лажици маслиново или растително масло. Можеби ке ви делува суво, ама тамам е...
Печете 40 - 45 мин. или додека не добие месото фина крцкава коричка, или ако имате термометар за храна, додека внатрешноста на месото не биде на најдебелото место 73 C.
По желба досолете, послужете жешко со прилог по желба

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани