
20
окт
2015
Пилешко поховано со корнфлекс
Месото може да биде варено 10 минути или пак да биде живо. И во двата случаеви се сече на парчиња големина по ваша желба. Корнфлексот се крши на помали парченца. Се става зејтин во тавче и се чека убаво да се згрее. Парче по парче од месото се умотуваат прво во брашно, па со јајце и на крај во корнфлексот. Се пржат се додека корнфлексот не добие медова боја. Се сервираат со печени компири со мешан зеленчук.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови