Пиперките се печат, лупат и чистат од семки. Се земаат во рака и се втрива сол во нив за да се посолат секаде исто. Јајцата се матат со сенфот.
Се зема пиперка се макнува во јајцата, па во презла и пак во јајца и презла и се пржат на загреан зејтин.Се служат со павлака или кисело млеко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани