Интересен изглед,примамлив за око.
За љубителите на модар патлиџан,ќе споделам едноставен начин на поховано.
Измијте го добро црниот патлиџан.
Пределете го на половина.
Едната половина сечете ја како на сликата, на прсти.
Така изработете ја и другата половина.
Земете соли посолете ги убаво насекаде по прстите и протријте да навлезе солта секаде.
Оставете околу 15 минути така нека упие .
Потоа земете сокујнска хартија избришете ги убаво патлиџаните кои претходно ги стиснавте малку со рака,ако има вода да истече.
Јајцето изматете го со солта и црниот бибер.
Пажливо спуштете го патлиџанот и убаво натопете ги сите прсти со јајце од двете страни.
На фолија ставете ја презлата ( лебните трошки ) па така раширена лепезата убаво посипете ја да фати секаде од трошките.
Постапката повторете ја и од другата страна.
Маслото нека е врело кога ќе ја ставите лепезата да се пржи.
Намалете и пржете на тивко.
Поновете го сето ова и со другата половина од доматот.
Навистина вкусен и убав ручек можете да имате со некој додатоци кои ги сакате.
Нека ви е слатко.

Забелешка
Да напоменам дека патлиџанот не го лупите, се пржи копмплет со кората.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови