Похован кашкавал
Одлично мезе за вас или за вашите пријатели, на кое мислам дека никој нема да му одолее, ние го обожаваме.
Подготовка
1. Кашкавалот го сечеме на парчиња со дебелина од 1 см (ширината нека биде по ваш избор, јас ги направив со ширина од околу 2 см).
2. Секое парче кашкавал прво го увалуваме во јајцата (разматени со вилушка, во кој додаваме сол по желба и вкус). Потоа ги увалуваме во лебните трошки. Постапката ја повторуваме уште еднаш.
3. Вака приготвените парчиња кашкавал ги ставаме во замрзнувач околу 2 часа. Потоа ги пржиме кратко во поголема количина на добро загреано масло (јас пржев на 4-ка од вкупно 6). Пржените парчиња кашкавал ги вадиме врз кујнска хартија. Послужуваме топло со сос по избор.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Vo prezlata cesto dodavam i susam, za malku smek