Потпечени компири со праз
Се загрева рерната на 175 Ц.
Во мало тенџерче на среден оган се помешуваат водата, коцката за супа, лукот, неутралната павлака и ловоровиот лист. Се остава на оган колку да проврие и се остава на страна.
Компирите се сечат на многу тенки кругови, на тенки кругови се сечи и празот. Сланината се сечи на ситни коцки.
На дното на намастената керамичка длабока тава се реди 1/3 од компирите. Се става сол и бибер и малку нарендано морско оревче, па одозгора се посипува со половина од празот и сланината. Истото се повторува уште еднаш, а најгоре последната третина компири.
Се прелева содрчината на тавата со мешавината за прелив, одозгора се посипува ренданиот кашкавал, лабаво се покрива со фолија и се печи на средна решетка 45 мин. Се вади фолијата и се допекува уште околу 45 мин. додека да зарумени и компирот да омекни.
Нека отстои кратко пред да го сервирате.
Лиценца: Сите права се задржани