Подготовка

1. Црниот домат се сечка на мали коцки, се посолува и се става во цедалка да отстои 15-тина минути да се испушти горчилото.
2. Тиквичката и морковите исто така се сечкаат на мали коцки.
3. Во тавче се става масло и првин се почнува со пржење на сечканите моркови, потоа се додава црниот домат. Се пржи додека и тој да омекне и на крај се става тиквичката и се пржи сето заедно.
4. Се става црниот пипер и зачинот натурал, се меша, а потоа се додава брашното кое брзо се запржува и мешајќи цело време постепено се дотура млака вода.
5. Штом се добие густа течност што ќе го покрие малку зеленчукот, тавчето се става во загреана рерна на 200 степени и се пече уште некое време.
Идејата за овој ручек е од мојата пријателка Бибе, на која и` благодарам многу.

(528)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани