Посно густо гравче
Се прави многу лесно, само треба време да се свари, а тоа зависи од гравчето.
Во тенџере се става гравот, вода околу 2 л., кромидот исечен на 1/4ки и малку повеќе масло. Се остава да се вари на тивок оган.
Откако ќе биде сварен отприлика 2 часа (а може и повеќе), се додаваат зачините, црвениот пипер, солта, црниот бибер и нанаето. Јас секогаш додавам уште малку масло за секој случај да не ми остане посен.
И тајната е... вака да проврие 10-15 мин. на многу висок оган за да згусне. И тоа е тоа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а ти добредојде дропке една :) :) :) :)