
25
мар
2012
Посни ѓевречиња
Во длабок сад ги ставаме брашното, солта, шеќерот, маслото за готвење и квасецот претходно растопен со малку млака вода. Ја додаваме водата млака и замесуваме тесто. Оставаме да стаса тестото 20-30 минути. Потоа го делиме тестото на мали топчиња и секое топче го расукуваме со сукалка. Од едната страна го сечеме тестото до пола на линии на растојание од пола сантиметар и ги виткаме гевречињата. Ги макнуваме во тањирче со вода, а потаоа ги валкаме во сусам и ги редиме во тепсија. Печеме во загреана релна околу половина час.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови