Од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Од половината тесто формирајте топчиња, а во секое топче ставете по малку сецкани ореви.
Од другата половина тесто формирајте издолжени форми, кои ке ги направите така што ќе земете тесто ќе формирате топче кое со помошна сукало на рапавата страна на ренде ќе го развлечете.
Ставете сецкани оревчиња и завиткајте како ролат.
Колачињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
Печете на 180 степени додека поруменат.
Испечените колачиња ставете ги да се изладат, а во меѓувреме подгответе го шербетот, така што во тенџере ставете ги водата, шеќерот и една ванила и оставете да повријат 5 минути. Со топлиот шербет прелејте ги колачињата, и оставете ги да го впијат шербетот.
На крај дел од колачите свалкајте ги во мелени ореви, а дел украсете ги со афион и шарени украсни трошки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани