Проички со праз и маслинки (посно)
Спој на вкусови кој многу ни се допаѓа, а па и дека посни, да ви кажам ептен ги бендисувам. Проичкиве се со многу добар состав, можам само да ви кажам дека не се приметува дека се посни, па ако се најдете во ситуација да немате јајца дома, слободно пробајте ги.
Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме на 200 степени. Додека таа се загрева ја подготвуваме пројата.
2. Празот го сечкаме на ситно, а исто и маслинките ги сечкаме и двоиме од семката. Сите состојки ги промешуваме со миксер.
3. Калапот за мафини го премачкуваме со масло. Истураме од смесата во модлите до 2/3 да ни бидат полни.
4. Наросуваме по желба сушен спанаќ, мешан сув зачин, буковец или сл. Ги печеме околу 15 минути или додека поруменат.
Од оваа смеса излегуваат 24 проја мафини. Шоља од 250 мл или 1 cup.
Лиценца: Сите права се задржани