27
дек
2020
Овесни палачинки со малини сос (посно)
Овесните снегулку сомелете ги во брашно.
Помешајте ги со останатите состојки.
Оставете да постои околу 10 минути.
За подготовка на овие палачинки, најдобар сад е апаратот за палачинки.
Намастете го многу малку и смесата ставајте ја врз него.
Јас ставав по една многу мала кутлачка, да бидат мали палачинчиња.
Ако е потечна смесата при печењето апаратот намалето го на потивко да се печат.
Малините изблендирајте ги и помешајте ги со медот.
Прелијте ги по површината.
Јас декорирав со замрзнати малини.
Навистина здрав и вкусен десерт.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови