Посна чорба со зеленчук (без масло)
За денешниот ручек една вкусна чорбичка која по избор може да ја направите целосно посна или со масло.
1. Зеленчукот од везата за супа (освен магдоносот) и компирите ги ставате во тенџере на оган да се варат. Ако користите свеж или замрзнат грашок го ставате и него. Количината на вода ја одредувате сами во зависност за колку члена подготвувате.
2. По варењето (околу 40тина минути) го вадите зеленчукот и го гмечите со вилушка (не треба да биде пасирано туку на покрупни парченца). Конзервата грашок со течноста ја ставате во тенџерето, го враќате назад зеленчукот и промешувате.
3. Зачинувате по вкус, сол, бибер, мешан зачин, ловоров лист (или зачини по желба).
4. Доколку постите со масло може да си направите класична запршка со брашно, а ако постите без масло тогаш во чашка со малку ладна вода растварате 3-4 лажички (во зависност колку сакате да биде густа) густин или брашно и додека чорбата врие постепено со мешање ја истурате течноста. Оставате да се вари 3-4 минути.
5. Сосем пред крај додавате сецкан магдонос, исклучувате и ја оставет покриена до служење.
На истиов начин може да спремите телешка или пилешка чорба така што заедно со зеленчукот ќе ставите да се вари телешка коска со месо или пилешко месо.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани