
Посна проја со ајвар
Многу лесна и вкусна проја, која може да ја направите и да ја конзумирате тамам за постите. Постапката е многу лесна, и верувам дека ќе ви се допадне на сите.
Најпрво во еден сад ги ставаме водата,маслото, ајварот, солта и постепено ги додаваме брашното и прашакот за пециво кој претходно го додаваме во брашното.
Мешаме со лажица додека не добиеме убава хомогена смеса.
Така добиената смеса ја ставаме во набрашнета тава, и од горе наросуваме со мешан микс од семиња.
Печеме во загреана рерна на 200 степени целзиусови околу 20-25 минути.
Совршен појадок...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови