Пита со соја и кромид (посно)
Се замесува тесто со стасаниот квасец и се остава да скисне-да надојде.
Додека стасува тестото се подготвува филот.
Сојата се натопува во топла вода и се остава да одстои. Кромидот се сецка ситно и се пржи додека убаво застакли. Сојата убаво се цеди и се додава кон испржениот кромид и се пржи уште 10 минути. Се додаваат зачините и се остава малку да се излади.
Одкако ќе стаса тестото се дели на 21 топче.
Се кое топче се расукува во коричка. Се спојуваат на две места по 7 кори кои помеѓу се премачкуваат со маргарин. Секоја коричка се мачка со маргарин и врз неа се реди друга. Значи на 2 места по 7 корички и уште една кора со 7 топчиња. Се расукува една кора и врз неа се става половина од филот. Врз неа втората кора и втората половина од филот.
Третата кора се сука и се вадат мали лентички кои се распоредуваат врз филот. Се премачкуваат со малку вода и брашно и се насипува питата со ленено семе. Се остава да стаса, а потоа се пече на 200степени околу 30 минути.
Количината на кромид не е многу затоа што сојата е посна и кромидот ја врзува. Сојата може да биде и црвена, а зачините може да се менуваат по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани