Еден мал придонес и од мене за посната трпеза.
Постапка
- Јаблоката излупени изрендајте ги, врз нив истискајте го сокот од 1/2 лимон, промешајте и оставете на страна. По кратко време додајте ги оревите, сувото грозје и цимет ванилите. Додадете ја и ренданата кора од лимонот. Измешајте.
- Измешајте во сад гризот, острото брашно, пецивото, ванилата и шеќерот.
- Модла бр.24 подмачкајте ја со малку од маргаринот.
- Со мал дел од сувите состојки посипете по дното од модлата. Земајте од ренданата јаболка - ставете врз сувите сотојки, посипете со ореви и суво грозје. Повторно земајте од сувите состојки и покријте врз филот од јаболката, пак редете од јаболката, сувото грозје и оревите и се така додека потрошите.
- Насецкајте го маргаринот на тенки ленти, наредете одозгора, ставете да се пече во претходно загреана рерана на 180 степени. Се пече околу 45 мин.
Добро оладена можете да ја сечете и послужете. Јас погрешив (како што гледате на самата слика) кога го пресеков колачот не оладен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани