Еве една поинаква варијанта на подготвување на осличот.
Рибата не е многу намастена, а има прекрасен вкус од останатите состојки.

Почнуваме со подготовка.

1. Измијте ги убаво морковите и исецкајте ги на кругчиња.
2. Пропржете ги на масло околу 10 минути на тивко.
3. Кромидот ситно исецкајте го и постелете ја тавата со него.
4. Префрлете ги пржените моркови и промешајте ги да се соединат.
5. Зачинете и додајте ја претходно исчистената риба.
6. Наросете црн бибер, сол, масло и ситно сецкан магдонос.
7. Прелијте со бело вино и оставете да се пече 40 минути на 150 степени.
Сервирајте со лимонче и свежа салата.
Ние имавме убав ручек, а ако ви се допадна, повелете или згответе си. )* )*
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови