Не ви здосадив со посните рецепти?
Еве уште еден компирест рецепт кој што се разликува токму поради тој сос од лук кој го менува вкусот и навистина го прави поразличен....
 
1. Излупениот компир исечето го на тенки тркалезни парчиња. Ставете го во плех кој вие ќе си го изберете. Додадете го стерилизираниот патлиџан или исечениот на кругови тазе патлиџан. Измијте го оризот, додадете кај компирот. Осолете и зачинете на вкус. Измешајте. Додадете го зејтинот, врелата вода и ставете во загреана рерна нека се печи.
2. Додека се печи компирот, во аванче столчете го лукот заедно со солта, додадете оцетот. Треба да добиете налик на сос од лук.
3. Кога е печен компирот извадете го од рерната, со лажица распоредете го сосот, посипете го сецканиот магданос. За кратко вратете повторно во рерната, нека се допечи уште малку.
Толку околу овој прекрасен ручек за кој морам да дополнам дека токму лукот дава сосема друг вкус и го прави да е вкусен и кога е оладена оваа компир тава.
Пријатен ручек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани