Посен колач со вино и ореви
Припрема
1. Во сад ставете го брашното, шекерот, оревите, циметот и сода бикарбона- измешајте па додадедете го виното и добро измешајте да добиете хомогена смеса. Истурете во тава за печење бр.24 постелена со хартија за печење или добро подмачкана и побрашнета, печете на 170 степени во претходно загреана рерна.
2. За подготовка на глазура- ставете го во сад шекерот во прав, додадете ја водата и маслото- изработете го сето тоа да добиете свиленкаста мека смеса- ако е многу густо додадете внимателно уште вода но не претерувајте за да не ја направите многу ретка.
- Печениот колач извадете го, нека постои 10 мин, извадете од модлата, поставете на тацната и излијте врз колачот од глазурата, па внимателно разнесувајте ја по површината- таа сама ке се слива надолу бидејки колачот не е сосема оладен.
Рецептот е на моја пријателка Гага за кој сум и многу благодарна бидејки го сметам за ретро рецепт- ги врака и спомените и вкусовите на десертите кои ги спремаа нашите мајки. Рецепт кој лесно се памети, рецепт со толку малку состојки, а вкусот е оној префинетиот на старите колачи.
Срекни празници.
Лиценца: Сите права се задржани