Помфрит од тиквички
Тиквичката пресечете ја на половина и потоа од секоја половина сечете долгунести парчиња како за помфрит. Посолете ги и оставете ги да се цедат 30 мин.
Брашното имешајте го со пармезанот и додадете малку мелен црн бибер. Јајцата разматете ги со вилушка и малку посолете ги. Во презлата вмешајте малку оригано и сол.
Секое парче најпрво извалкајте го во брашното, па во јајцата и на крај во презлата.
На умерена температура заграјте го маслото за пржење и пржете ги тиквичките-помфрит од двете страни. Кога се готови, одложете ги врз хартиена салвета да се впие вишокот мрснотија.
Помфритот од тиквички послужете го топол заедно со сосот како додаток.
Краставицата изрендајте ја и додадете ги останатите состојки. По желба можите да додадете и некоја капка вински оцет за да го потенцира вкусот на сосот.
Лиценца: Сите права се задржани
Ајде во омилени отидоа :)
Фала ти за јавувањето и убавата сликичка, нека ви се на здравје!:) Позз