Подготовка

Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи и да се добие пенаста смеса.
Потоа редоследно се додаваат другите состојки. Смесата се излева во намастен плех и се печи на 200 степени. Се пробува со чепкалка кога е готов.
Се остава да се излади, па потоа се сече на коцки.На секоја коцка на средина и се прави длабнатина која се полни со џем од малина со помош на шприц.
На тивок огин се растопуваат и мешаат чоколадата,млекото и какаото. Секоја коцка прво се натопува во преливот од сите страни, а потоа се валка во кокосово брашно, исто така, од сите страни.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани