26
мар
2012
Полнети урми
Белката ја матиме со шекерот во прав, кога убаво ќе се измати ги додаваме оревите и ванилата. Чоколадото го топиме со малку масло. Урмите ги чистиме од коските. Секоја урма ја полниме со фил и потоа ја чоколадираме. Одгоре урмите ги шараме со бело чоколадо.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови