![Полнети тиквички (вегетаријански)](https://moirecepti.mk/content/uploads/2012/02/265491_10150242112144463_665929462_7082577_6118206_o-7643.jpg)
14
фев
2012
Полнети тиквички (вегетаријански)
Тиквичките треба да се пресечат и да се издлабнат. Во тава со масло ја пропржуваме срцевината од тиквичките со оризот. Јас користам басмати ориз, на кој времето на подготовка му е кратко, доколку се користи друг тип на ориз, треба претходно кратко да се обари. По желба може да се додаде и црвена пиперка исецкана на кратки лентички. Во текот на готвењето се зачинува со сол и толчен бибер, на крај се додава коријандерот. Тиквичките се полнат со подготвениот фил и се ставаат во подлабок огноотпорен сад за печење. Се полеваат со подготвената супа од зеленчук. Се печат на температура од 200 степени додека тиквичките да омекнат. Околу 20 мин.
Лиценца: Сите права се задржани