Испечати

Полнети тиквички (вегетаријански)

Полнети тиквички (вегетаријански)

Состојки

    Подготовка

    Тиквичките треба да се пресечат и да се издлабнат. Во тава со масло ја пропржуваме срцевината од тиквичките со оризот. Јас користам басмати ориз, на кој времето на подготовка му е кратко, доколку се користи друг тип на ориз, треба претходно кратко да се обари. По желба може да се додаде и црвена пиперка исецкана на кратки лентички. Во текот на готвењето се зачинува со сол и толчен бибер, на крај се додава коријандерот. Тиквичките се полнат со подготвениот фил и се ставаат во подлабок огноотпорен сад за печење. Се полеваат со подготвената супа од зеленчук. Се печат на температура од 200 степени додека тиквичките да омекнат. Околу 20 мин.